ВО ВЕЛЕС ОТВОРЕНА ИЗЛОЖБАТА „РАБОТ НА ЗБОРОВИТЕ“, ПОСВЕТЕНА НА 100 ГОДИНИ ОД РАЃАЊЕТО НА АЦО ШОПОВ

Велес, (СМАРТ СДК.МК)

Во Европската куќа во Велес, која е нов простор за одржување културни настани, вчеравечер беше отворена изложбата „Работ на зборовите“. Таа се занимава со јазикот, со неговите капацитети и граници и е посветена на 100-годишнината од раѓањето на поетот Ацо Шопов.

Уметноста и зборот се две нишки кои ја ткаат и создаваат културата на едно општество. Изложбата ја разгледува токму оваа врска“, кажа кураторот Бојан Георгиевски.

Шестмина уметници се претставуваат со нивни видувања на зборовите како дел од јазикот, алатки за комуникација и средство за образование. Автори на делата се Славица Јанешлиева, Оливер Мусовиќ, Нехат Бекири, Александра Петрушевска-Ристовска, Анета Попова и Стефан Младеновски, кои ги истражуваат капацитетите и границите на јазикот како средство за изразување.

На отворањето на изложбата беше и евроамбасадорот Дејвид Гир, а ќе биде отворена до 22 септември.

П. ПЕЧКОВ