КАПУТ НА ЕЛВИС ПРИСЛИ СЕ ПРОДАДЕ ЗА 148 ИЛЈАДИ ЕВРА

Лондон, (Би-Би-Си)

Капут на легендарниот музичар Елвис Присли се продаде за 148 илјади евра на аукција во Велика Британија.

Присли го носел капутот од кожа и крзно од визон во последните години од животот. Се продаде на наддавање во аукциската куќа „Хенри Олдриџ“ во Вилтшир во јужна Англија. Купувачот е колекционер од САД.

Аукционерот Хенри Олдриџ претходно изјави дека, според него, палтото ќе достигне цена од околу 17 000 евра.

Присли му го дал капутот на братот на неговата свршеница Џинџер Алден, пред неговата смрт во 1977 година.