ПЕЈАЧКАТА НА „АББА“, АГНЕТА ФЕЛТСКОГ, ЈА ОБНОВУВА СОЛО КАРИЕРАТА ПО 10 ГОДИНИ ПАУЗА

Стокхолм, (Ројтерс)

Пејачката на „АББА“, Агнета Фелтског, потврди дека ќе објави нов сингл утре, насловен „Where Do We Go From Here?“, обновувајќи ја својата соло кариера на 73 години. Таа го објави својот последен соло албум пред една деценија и со него стигна до шестото место на британската топ-листа.

Фелтског се обедини со останатите членови на „АББА“ пред две години за да го снимат албумот „Патување“ (Voyage).

На Агнета многу ѝ се допадна враќањето во студио со ‘АББА‘ и тоа ја инспирираше да ја обнови својата соло кариера. Таа потпиша договор со издавачката куќа БМГ, чиј лондонски тим во изминатите месеци ѝ помагаше да го развие својот нов звук“, изјави извор близок на славната шведска пејачка.

Фелтског имаше успешна кариера во својата земја и пред формирањето на „АББА“, а првиот соло албум, отпеан на шведски јазик, го издаде пред 55 години.