Два клонирани мајмуни од видот макаки се сместени во инкубатор наменет за човечки новороденчиња во една од лабораториите на Кинеската научна академија во Шангај.
Ова е вторпат да се употребува техниката наречена соматски трансфер на јадро на клетка, по првото клонирање во историјата на овцата Доли во 1996 година.
„Мајмуните се идеални модули за истражување на човечките болести, со цел развивање на медицински третмани“, вели директорот на Институтот за невронаука, Муминг Пу.
Денес, новите лекови се тестираат на глувци, но тој тврди дека клонирањето на животните, особено оние кои се слични на луѓето, е многу потребно за прогресот на медицинските истражувања.
Други научници не се толку сигурни дека клонирањето мајмуни, техника која истовремено е и скапа и етички контроверзна, е потребно.
„Генетиката на мајмуните е послична со генетиката на човекот отколку на свињите, но, сепак, не е беспрекорна“, вели Керол Кифер од универзитот Мериленд, САД.
Со новата техника на клонирање, во клонираните животни може да се вгради специфичен ген, како, на пример, ген кој предизвикува неизлечива болест, како цистична фиброза, овозможувајќи им на научниците да тестираат нови лекови на нив.
Според Пу, клонирањето на едно мајмунче чини околу 50.000 долари.