ПРЕТСТАВАТА „ЕЛЕГИЈА ВО ПЕТ ЗДИВА“ ОДИГРАНА НА ФЕСТИВАЛ ВО ТЕМИШВАР, КОЈ Е ЕВРОПСКА ПРЕСТОЛНИНА НА КУЛТУРАТА

Велес, (СМАРТ СДК.МК)

Претставата „Елегија во пет здива”, во режија на Филип Петковски, која е копродукција на авторот и театарот „Јордан Хаџи Константинов- Џинот“ од Велес, се одигра на сцената на Германскиот театар во Темишвар (Романија), во рамките на театарскиот фестивал „Еуроталиа“. Со оваа претстава беше затворен фестивалот кој е во составот на уметничката програма на Темишвар Европска престолнина на културата за 2023.

Во претставата настапуваат Васил Зафирчев, Наталија Теодосиева, Симона Димковска и Сара Цветковска. „Елегија во пет здива“ е танц претстава, базирана на мотиви од поезијата од Радован Павловски, Петре М. Андреевски, Михаил Ренџов, Ацо Шопов и Никола Маџиров, проследени со музиката на Дуке Бојаџиев, „Синтезис“, Даха Браха, Бетовен и Чајковски.

На театарскиот фестивал „Еуроталиа“ учествувале 13 претстави на реномирани театарски друштва од Шпанија, Германија, Белгија, Австрија, Франција, Летонија, Грција, Данска, Бугарија, Романија и Македонија.

П. ПЕЧКОВ