ФЕСТИВАЛОТ ЗЛАТНО СЛАВЕЈЧЕ ПО 53. ПАТ СО ШЕСТ ПРЕТСТАВИ ВО СКОПЈЕ

Скопје, (СМАРТ СДК.МК)
На 17 и 18 ноември во Филхармонијата ќе се одржува детскиот фестивал Златно славејче, со почеток на претставите во 10, 12 и 19:30 часот. Се одржува по 53. пат, со што Славејче е најстариот детски музички фестивал на Балканот и втор најстар во Европа.
Фестивалот е основан во 1970 од неколкумина членови на Советот за грижа и воспитување на децата на Град Скопје: композиторот Александар Џамбазов, кој бил и уметнички директор, поетот Васил Пујовски и Благоја Јордановски, кој во тоа време бил секретар на Советот. Првото издание со наслов „Бираме златен глас“ било одржано на 23 мај 1971 во Драмски театар во Скопје. Биле испеани 25 детски песни, а дел од учесниците биле и Игор Џамбазов и музичарот Баже Маротов. Во текот на првите 25 изданија, фестивалот се одржувал во живо, со ревиски оркестар, а потоа почнало да се пее на плејбек.
Билетите по цена од 400 денари се продаваат до 1 ноември онлајн и преку продажната мрежа на mktickets.mк, а потоа цената ќе биде 500 денари.