„РОЛИНГ СТОУНС“ ГО ПРОСЛАВИ ИЗЛЕГУВАЊЕТО НА НОВИОТ АЛБУМ СО КЛУПСКА СВИРКА ВО МЕНХЕТН

Њујорк, (АП)

„Ролинг стоунс“ го прослави излегувањето на својот прв албум со оригинална музика по 18 години пауза со клупска свирка во Менхетн. Мик Џегер, Кит Ричардс и Рон Вуд, придружувани од уште четворица музичари на сцената, изведоа седум песни, од кои четири од новиот албум „Hackney Diamonds“, кој официјално излезе денеска.

Свирејќи го новиот сингл „Angry“, 80-годишниот Џегер кажа дека за сѐ има првпат.

Критиката ја фали енергијата на бендот на новиот албум (Фото: АП)

Критиката одлично го оцени албумот, при што многумина ја посочија острата енергија што ја покажува бендот.

Лејди Гага излезе на сцената и во дует со Џегер ја испеа песната „Sweet Sounds of Heaven“.

„Hackney Diamonds“ е првото студиско издание на групата по смртта на долгогодишниот тапанар Чарли Вотс во 2021, чие свирење може да се чуе на две песни.

(Фото: АП)