Актерската легенда Мерил Стрип и нејзиниот сопруг Дон Гамер се разделиле по 45 години брак. Магазинот „Пипл“ доби потврда дека 74-годишната трикратна оскаровка и 76-годишниот Гамер ставиле крај на својата врска уште пред шест години.
„Дон Гамер и Мерил Стрип се разделија пред шест години и иако секогаш ќе се грижат еден за друг, тие одлучиле да живеат одвоени животи“, изјави застапник на Стрип.
Стрип и Гамер не се видени заедно во јавност од 2018, но таа минатата недела беше снимена како носи венчален прстен. На 30 септември, тие одбележаа 45 години брак.
Гамер, кој е скулптор, се запознал со Стрип благодарение на нејзиниот брат во 1978, во периодот кога таа сѐ уште тагувала по смртта на нејзиното момче, актерот Џон Казал. Се венчаа само шест месеци подоцна и добија четири деца.
(Фото: Гети)