ПО ОСУМ ГОДИНИ ПАУЗА, МЕГ РАЈАН РЕЖИРАШЕ И ИГРА ГЛАВНА УЛОГА ВО РОМАНТИЧНА КОМЕДИЈА

САД, (Си-Ен-Ен)

За Мег Рајан, глумата е работа, а не начин на живот. Ѕвездата на „Несоница во Сиетл“ разговараше со магазинот „Пипл“ за тоа зошто се повлече од актерството на неколку години.

„Направив огромна пауза бидејќи чувствував дека има многу делови од моето искуство како човечко суштество што сакав да ги развијам. Убаво е да се размислува за тоа како работа, а не како начин на живот“, кажа таа.
Додека правеше пауза од глумата, таа беше фокусирана на синот Џек (31), кого го доби со поранешниот сопруг Денис Квејд и на ќерката Дејзи (18), која ја посвои во 2006.

Сега, осум години по нејзиното режисерско деби со „Итака“, кој беше и последниот филм на кој работеше, Рајан се враќа на големото платно. Таа го напиша сценариото, ја режираше и глуми во новата романтична комедија „Што се случува подоцна“, приказна за поранешни љубовници кои заглавуваат преку ноќ на аеродром поради снежна бура. Филмот ќе игра во кината во САД од 3 ноември.

Во филмот игра со Дејвид Духовни, а за снимањето рече дека било магично.