Вечерва (8 ноември) од 19:30 часот, во камерната сала на Филхрамонијата ќе се одржи концертот „Ветровите на Ерезма“ (Vientos Del Eresma) на гитарско фламенко трио. Концертот се одржува во рамките на меѓународниот гитарски фестивал „Тремоло“.
Влезот е бесплатен, но поради ограничениот број места, потребна е резервација, велат од Шпанската амбасада во Скопје. Билетите треба да се резервираат на [email protected] до денеска во 11 часот.