Професор по право во Јужна Дакота обично предава за серизони теми, но следниот семестар, концептот ќе се смени така што ќе се сврти вниманието кон Тејлор Свифт.
Шон Камер сакаше неговите предавања за пишување да се базираат на музика и уметност за да им помогне на неговите студенти да го преиспитаат правниот јазик и да создадат убедливи аргументи. Професорот смета дека фокусот на музичка икона како Свифт е исто така начин да се поврзе со неговите студенти.
Никогаш, ни во своите најлуди соништа Камер не го очекувал вниманието што го предизвика објавата и класот брзо се наполнил.
„Реакцијата на студентите беше возбудлива. Ако можеме да се забавуваме додека истражуваме некои од овие сложени теоретски проблеми или прашања, верувам дека студентите ќе бидат инспирирани да размислуваат подлабоко и да туркаат понатаму“, кажа тој.