СКОПСКИОТ ХАРДКОР БЕНД „ТРЕНДКИЛ“ ГО ПРОМОВИРА НОВИОТ МИНИАЛБУМ СО ЗАЕДНИЧКА СВИРКА СО „СКАЛКРАШ“

Скопје, (СМАРТ СДК.МК)

Скопскиот хардкор бенд „Трендкил“ вечерва (18 ноември) ќе го промовира својот нов миниалбум со свирка во клубот „Маракана“ во Скопје. На настанот кој почнува во 20:30 часот гостин ќе биде битолската треш метал група „Скалкраш“, која по подолго време доаѓа во Скопје. Влезниците чинат 250 денари.

Ова е прво студиско издание на „Трендкил“ од албумот „Never a Victim Always a Renegade“ од 2020 година. Миниалбумот „Heavy Fucking Metal“ содржи три песни, а групата најави дека на промоцијата ќе го претстави и својот нов басист.

(Фото: Фејсбук)