ПОЧНУВА ВТОРАТА СЕЗОНА НА ТИНЕЈЏЕРСКАТА СЕРИЈА „ТИН КАМП“ СО НОВИ ВЕРЗИИ НА МАКЕДОНСКИ И РЕГИОНАЛНИ ХИТОВИ

Скопје, (СМАРТ СДК.МК)

Втората сезона на тинејџерската серија „Тин камп“ ќе почне со емитувањето в сабота (16 декември) на првиот канал на Македонската телевизија. Ќе има десет епизоди кои ќе одат во сабота и недела од 20:15 часот.

Во „Тин камп“ играат Филип Поповски, Миха Гигов, Марија Јанчевска, Далиа Стоименова, Марин Стојановски, Дарија Врачевиќ, како и искусните актери Тони Михајловски, Петар Мирчевски, Сара Климоска и Тамара Ристоска. Како гостин се појавува и српскиот актер Милан Калиниќ во улога на еден од професорите во кампот.

Во втората сезона, неколку деца, кои се таленти за музика и танц, патуваат во Крушево, за да бидат учесници на музички камп. Сите се дојдени со иста цел, преку натпревар да ја освојат главната награда, овојпат натпреварувајќи се против друг музички камп.

Актерите од серијата препеаја и хитови на Дарио и „Миг 21“, Оливер Мандиќ, „Екатарина Велика“, Каролина Гочева, Тамара Тодевска, Срѓан Ѓул и Кире Митрев.