НОВОГОДИШЕН КОНЦЕРТ НА ОХРИДСКО ЛЕТО СО ДЕЛА ОД ШТРАУС

Охрид, (СМАРТ СДК.МК)

Вечерва (16 декември) од 20 часот, во салата „Билјана“ во хотелот „Метропол“ во Охрид ќе се одржи Новогодишен концерт на Охридско лето со дела на Штраус, Брамс и Калман. Ќе диригира Бисера Чадловска, која е музичка селекторка на фестивалот.

„Мешовитиот камерен состав под покровителство на Охридско лето за првпат ќе изведе одбрани класични композици кои ќе го збогатат новогодишниот амбиент за охридската публика. Ваквата новина, со проширување на програмата и надвор од традиционалната рамка 12 јули-20 август, е на радост на публиката“, вели директорката на фестивалот, Наташа Поповиќ.