„Adrocitas“ е првиот сингл на прогресивниот метал бенд „Агреморта“ (Agremorta), нов музички проект зад кој стојат Кристофер Кронс (Christopher Cronce) и Никола Станојковски. Ова македонско-американско дуо се формираше во јули оваа година и веднаш почна заеднички да создава музика што допрва ќе биде објавена.
Од бендот велат дека „музиката на ‘Агреморта‘ вклучува елементи на повеќе жанрови, како алтернативен, прогресивен, грув и индастријал метал, проткаено низ една оркестрална, футуристичка и амбиентална музика“.
„Adrocitas” е една од четирите песни што ќе се најдат на претстојниот концептуален миниалбум „Anomalia”.
„Песната е уникатен спој на сложени мелодии, моќни груви рифови, слоевит и богат звучен пејзаж и синтисајзери, како и текстови кои предизвикуваат интензивна емоционална експресија“, велат од бендот.