ИЗЛОЖБА НА ОЛДТАЈМЕРИ И НОВОГОДИШНО ВОЗНО ДЕФИЛЕ ВО СКОПЈЕ

Скопје, (СМАРТ СДК.МК)
В сабота (23 декември), во Скопје ќе се одржи петтото новогодишно возно дефиле на олдтајмер автомобили од повеќе клубови. Од клубот „Буба“ велат дека прво ќе одат низ градот со автомобилите, а од 18 часот тие ќе бидат изложени на паркингот од трговскиот центар „Веро центар“.
Возното дефиле ќе почне во 17:30 часот од Зоолошката градина и ќе се движи преку центарот на Скопје до булеварот Јане Сандански во Аеродром.
Фото: К. ПОПОВ