ВТОРОТО ИЗДАНИЕ НА „СКОПЈЕ ФЈУРИ ФЕСТИВАЛ“ НА 19 СЕПТЕМВРИ ВО ПАРКОТ НА МКЦ

Скопје, (СМАРТ СДК.МК)

Второто издание на метал фестивалот „Скопје фјури фестивал“ ќе се одржи на 19 септември во Паркот на Младинскиот културен центар (МКЦ) во Скопје, во организација на „Терорвоид промоушнс“.

Главни ѕвезди на годинашното издание се шведските дет метал ветерани „Д Краун“, кои во Скопје доаѓаат во рамките на својата последна турнеја. Бендот најави дека 2026 е последната година од неговото повеќедецениско постоење и дека со серија концерти се збогува со публиката.

На фестивалот ќе настапат и холандскиот дет метал бенд „Дисавоуд“, грчкиот блек метал состав „Јот Ирија“, италијанските бендови „Гејм оувер“ и „Спојлд“, како и македонските состави „Трендкил“, „Саидон“ и „Гаргојлс“.

Второто издание го носи мотото „Into the Terrorvoid“, а организаторите најавуваат целодневна програма во паркот на МКЦ.

Билетите во претпродажба чинат 1.800 денари, а на влезот на денот на фестивалот ќе чинат 2.000 денари, а се продаваат преку мрежата на tix.mk.