КОНЗЕРВАТОРИТЕ ОД НАЦИОНАЛНИОТ КОНЗЕРВАТОРСКИ ЦЕНТАР СО ЗАЕДНИЧКА ИЗЛОЖБА НА НИВНИ ДЕЛА НА 26 ДЕКЕМВРИ

Скопје, (СМАРТ. СДК.МК)

„Ние сме, дали сме“ (We Are, Are We) е насловена изложбата на ликовни уметници-конзерватори која ќе се отвори во Музејот на Северна Македонија на 26 декември во 12 часот. Станува збор за изложба на 14 конзерватори кои се вработени во Националниот конзерваторски центар, а кои се, пред сѐ, уметници.

Ќе се изложат дела на Дафинка Балабанова-Алексова, Ема Петрова, Ивона Тричковска, Емилија Лазаревска, Страхил Петровски, Ангелина Поповска, Валентина Поцеска, Андреј Анастасов-Даскаловски, Владо Муковски, Зарије Амдиу-Реџепи, Глигорчо Мукаетов, Фјола Конџели-Нуредини, Виктор Лазароски и Виктор Ирвин Иванов.

На отворањето ќе говори и Валентино Димитровски, историчар на уметност и поранешен вработен во Центарот.