Вчера (сабота), во Скопје ќе се одржа петтото новогодишно возно дефиле на олдтајмер автомобили од повеќе клубови.
Низ градот дефилираа дваесетина возила, од сопственици на ретро-автомобили од Скопје, Куманово и од Велес. Возното дефиле почна од Зоолошката градина, и се движеше преку центарот на Скопје до булеварот Јане Сандански во Аеродром.
Најстари меѓу изложените возила беа две „Фолксваген буби“ произведени во 1967 година. Автомобилите беа новогодишно украсени, што привлече внимание кај посетителите на дефилето.