ГРЧКИОТ САЈТ „АТИНОРАМА“ ГО ПРОГЛАСИ „ЦРНА ЗЕМЈА“ НА КРСТЕ РОЏЕВСКИ ЗА ТРЕТИОТ НАЈДОБАР АЛБУМ ЗА 2023

Скопје, (СМАРТ СДК.МК)

Црна Земја“ (Black Earth), шестото студиско издание на композиторот, пејач и кантавтор Крсте Роџевски, е прогласен за третиот најдобар странски албум за 2023 во изборот на грчкиот сајт „Атинорама“. Роџевски, кој живее и работи во Њујорк, го промовираше албумот во септември во Скопје и, како што тогаш беше кажано, „тој содржи 11 традиционални македонски песни кои Крсте ги памети од семејните веселби во својот роден град Битола“.

Познати звуци на тамбура и гитари се среќаваат со лаути на Гнава од Мароко, создавајќи парадоксална, но опојна спојка помеѓу нашиот познат Балкан и пустите рабови на далечната Африка. Згора на тоа, не можете да препознаете дали сите овие веќе интригантни вокали припаѓаат на маж или жена, но дефинитивно го карактеризираат заводливиот начин на кој настапува Роџевски. Тој ги трансформира песните што ги слушал како дете на веселбите во своето родно место во нешто интернационално, свеж, модерен фолк, но и еклектично во исто време“, велат од „Атинорама“.

Роџевски се најде на листата во друштво на славни музичари како Пи Џеј Харви, Питер Габриел, „Свонс“, Мајли Сајрус, „Фу Фајтерс“ и Иги Поп.