ТЕНИСКАТА ЅВЕЗДА ПЕТРА КВИТОВА ЈА ПРЕКИНУВА КАРИЕРАТА ПОРАДИ БРЕМЕНОСТ

Прага, (Скај)

Двократната освојувачка на Вимблдон, Петра Квитова, објави дека нема да игра на Отвореното првенство во Австралија зашто е бремена. Таа го чека првото дете со својот сопруг и долгогодишен тренер Јиржи Ванек.

Иако 33-годишната Квитова не настапи на загревачките турнири во Австралија, нејзиното име котираше меѓу учесниците на првиот гренд слем турнир, кој почнува за две недели.

На првиот ден од 2024 сакам да ја споделам возбудливата вест со вас дека јас и Јиржи го чекаме првото дете во нашето семејство, кое треба да пристигне налето“, напиша Квитова на социјалните мрежи.

Таа веќе имаше една подолга пауза од тенисот откако на крајот на 2016 беше нападната со нож при обид за грабеж во својот дом. Притоа се здоби со повеќе повреди и на тениските терени се врати по неколку месеци.