НЕ Ѝ СЕ ВРАЌАМ НА МУЗИКАТА, ТИЕ ВЕСТИ СЕ ЃУБРЕ, КАЖА БРИТНИ СПИРС

САД, (Би-Би-Си)

Бритни Спирс изјави дека „никогаш нема да се врати во музичката индустрија“ откако минатата недела се појавија гласини дека планира да се врати во студио. Поп-ѕвездата одговари на тврдењата во американските медиуми дека барала текстописци за 10. студиски албум.

„Само да бидеме јасни дека повеќето вести се ѓубре. Постојано велат дека барам соработници за да направам нов албум. Никогаш нема да се вратам во музичката индустрија“, напиша пејачката на Инстаграм.

Спирс додаде дека пишувала музика само за забава и откри дека напишала повеќе од 20 песни за други луѓе во последните две години.

„Пишувам духовна музика и искрено уживам во тоа“, вели пејачката.

(Фото: АП)