РЕДНО Е ДА ИМА РЕД, ВЕЛАТ ОД „ЗЛАТНА БУБА МАРА НА ПОПУЛАРНОСТА“, КОЈА ЌЕ СЕ ОДРЖИ НА 22 ФЕВРУАРИ

Скопје, (СМАРТ СДК.МК)

Манифестацијата „Златна Буба мара на популарноста“ ќе се одржи на 22 февруари во салата „Борис Трајковски“ од 20 часот, објави Ранко Петровиќ, сопственикот на радио „Буба мара“, кое го организира настанот.

„Да се чекираме со време. ‘Златна Буба мара’ го најавува летот број 27. Билетите може да ги подигнете од 25 јануари“, вели Петровиќ.
Фото: Л. Џуровски
Шоуто кое ги наградува најуспешните во културата, музиката и спортот од Македонија и регионот годинава е под мотото „Кој чека ќе дочека, редно е да има ред“. Постерот, кој исто така е традиција, содржи пасош на „Република 27 Златна Буба мара“ со логото на радиото.
(Фото: К. Попов)