ФИНСКИ И ИСЛАНДСКИ МУЗИЧАРИ ПОТПИШАА ПЕТИЦИЈА ИЗРАЕЛ ДА НЕ ОДИ НА ЕВРОВИЗИЈА

Финска, (Гардијан)

Повеќе од 1.400 фински уметници им се придружија на исландските музичари во барањето на Израел да му биде забрането да учествува на овогодинешниот Избор за песна на Евровизија поради наводни воени злосторства во Газа. Ако Израел не биде исклучен од натпреварувањето кое ќе се одржи во шведскиот град Малме во мај, финската радиодифузна компанија треба да го бојкотира и да одбие да испрати учесник, велат тие.

„Не е во согласност со нашите вредности земја која врши воени злосторства и продолжува со воена окупација да добие свој музички простор“, се вели во петицијата што ја потпишаа музичари од Финска.

Портпаролот на Евровизија рече:

„Изборот за песна на Евровизија е натпревар на јавните радиодифузери од цела Европа и Блиски Исток, а не на влади. Израел учествува веќе 50 години. Изборот за песна на Евровизија останува неполитички настан што ја обединува публиката ширум светот преку музиката“.