Медисон Марш (22), која е пилотка на американските воздушни сили, стана новата Мис на САД, на церемонијата која се одржа во Орландо, Флорида.
Марш, која има чин втор поручник, ја претставуваше државата Колорадо и кажа дека е „задоволна што му покажала на светот дека жените можат да направат сѐ“.
Марш е првата воена пилотка која стана мис. Таа е инаку дипломиран физичар и е на магистерски студии во училиштето „Харвард Кенеди“ во Кембриџ, Масачусетс.
Новата Мис САД е исто така активистка во борбата против ракот на панкреас откако мајка ѝ починала од оваа болест во 2018. Стажирала во НАСА, има црн појас во теквондо и е сертифициран приватен пилот.