ВЕНЕЦИЈА ПОЧНА ДА ГИ ПРОДАВА БИЛЕТИТЕ ЗА ВЛЕЗ ВО ГРАДОТ, МЕРКАТА СТАПУВА НА СИЛА НА 25 АПРИЛ

Венеција, (Ројтерс)

Венеција почна да ги продава билетите за туристите кои сакаат да го видат градот од април, како дел од пробната шема за контрола на зголемениот број еднодневни посетители. Билет за еден ден чини пет евра и ќе важи од 8:30 до 16 часот.

Новата мерка ќе стапи на сила на 25 април. Билетите ќе бидат потребни за следните десет дена и за повеќето викенди до средината на јули. Ќе се купуваат преку интернет, при што корисникот ќе добие кју-ар код што ќе му дава пристап во градот за тој ден. Оние кои ќе бидат фатени без билет ќе добијат казна од 50 евра.

Посетителите до 14 години и оние кои имаат резервирано хотел исто така ќе мора да се регистрираат за да добијат кју-ар код, но нема да плаќаат билет. Во почеток нема да има ограничувања на бројот на туристи што ќе можат да влезат во градот, зашто властите сѐ уште ја проучуваат ефикасноста на системот.

(Фото: Јуроњуз)