ДОАЃА ВАЈ-ФАЈ 7, НОВАТА ЕРА НА БЕЗЖИЧНИОТ ИНТЕРНЕТ

Њујорк, (Верџ)

Вај-фај алијанса“, водечката организација во областа на безжичните технологии, започна со процесот на сертификација на уреди компатибилни со стандардот Вај-фај 7. Оваа технологија е следниот чекор во развојот на безжичниот интернет која ќе има широка примена во различни уреди, чие доаѓање на пазарот се очекува веќе оваа година.

Вај-фај 7 не е само уште еден стандард. Оваа генерација претставува вистинска револуција на полето на безжичните врски и носи значајни унапредувања, особено кај стримингот и гејмингот. Вај-фај 7 би можел да одговори на сѐ поголемите барања на корисниците“, изјави директорот на „Вај-фај алијанса“, Кевин Робинсон.

Рутери кои поддржуваат Вај-фај 7 веќе се присутни на пазарот, но тие ќе добијат дополнителна тежина со процесот на сертификација, зашто тоа на корисниците ќе им даде уште поголема сигурност во поглед на меѓусебното поврзување и ефикасноста на работата на нивните уреди.

Еден од клучните новитети на Вај-фај 7 е технологијата Multi-Link Operation, која овозможува агрегација на безжични врски преку два или три фреквенциски опсега, што ветува поголеми брзина и стабилност на врската.