Ученици од прво до шесто одделение од Калифорнија кои учече да пишуваат на електронски уреди, почнаа да учат класично пишување, со молив и со пенкало.
Почнувајќи од оваа година, од учениците од одделенска настава во Калифорнија се бара да научат рачно да пишуваат, откако оваа вештина излезе од мода во ерата на компјутерите.
Собранискиот предлог-закон, предложен од поранешната наставничка во основно училиште Шерон Квирк-Силва и потпишан во октомври минатата година, бара класична настава со пишување за 2,6 милиони деца од Калифорнија од прво до шесто одделение, на возраст од 6 до 12 години.
Експертите велат дека класичното учење го подобрува когнитивниот развој, а читањето со разбирање моторните вештини. Некои наставници велат дека е корисно децата да читаат историски документи и стари семејни писма.