Хорот на ООУ „Кузман Јосифовски-Питу“ од Скопје освои прво место на меѓународниот хорски фестивал во Лидо ди Јесоло во Италија, а неговите солисти освоија четири први, четири втори и четири трети места. Учениците и диригентката Вера Ангеловска велат дека се горди на овој извонреден успех.

„Втора година по ред македонската песна најсилно одекнува на европската сцена, што претставува огромна гордост за целата земја. Со внимателно избрани композиции од македонскиот мелос, хорот успеа да ги пренесе емоцијата, автентичноста и богатството на нашето музичко наследство. Настапите беа проследени со силни овации и признанија од стручното жири, кое ја вреднуваше не само техничката изведба, туку и искреноста и енергијата што овие млади уметници ја пренесоа на сцената. Зад овој успех стои долгогодишната посветеност на маестра Вера Ангеловска, која со огромна љубов и визија го гради овој хор“, велат од тимот на хорот.
Целиот настап е достапен на Јутјуб на овој линк.