АКТЕРОТ ИВАН БОСИЉЧИЌ ЌЕ РЕЦИТИРА ПОЕЗИЈА ОД АНТЕ ПОПОВСКИ И ЌЕ ПЕЕ ПЕСНИ ОД ТОШЕ ВО СКОПЈЕ

Скопје, (СМАРТ СДК.МК)
Актерот Иван Босиљчиќ ќе гостува во Скопје на 9 март, во Операта од 20 часот, на музичко-поетска вечер насловена „Наша вечер“.
Програмата е комбинација од обработки на популарни песни од 1960-тите до денес, филмска музика и руски романси, а белградскиот актер рецитира и поезија од регионални и светски автори на македонски и на српски јазик.
На сите негови досегашни гостувања, Босиљчиќ ја рецитираше „Две тишини“ од Анте Поповски и пееше песни од Тоше Проески, а тоа го најавува и за 9 март. Настанот го организира продукција „Вајб“.