ЏОНИ ДЕП ГО РЕЖИРА ПРВИОТ ФИЛМ ОД 1997, ВО АКТЕРСКАТА ЕКИПА Е И АЛ ПАЧИНО

Лос Анџелес, (Вараети)

Џони Деп се врати во режисерското столче за првпат по неколку децении. Тој го почна снимањето на филмот „Моди“, во кој една од споредните улоги ја има Ал Пачино.

Моди“ е првото режисерско дело на Деп од „Храбриот“ од 1997 и прв голем филмски проект откако ја доби судската битка со поранешната сопруга Амбер Хрд во 2022.

Приказната на филмот се случува во период од 48 часа во Париз во 1916 година.

Бегајќи од полицијата, желбата на Амедео Модиљани да ја заврши кариерата и да избега од градот е спречена од колеги-уметници и неговата англиска муза и љубов Битрис Хејстингс. Хаосот го достигнува врвот кога Модиљани ќе се соочи со колекционер на уметнички дела, кој би можел да му го промени животот“, стои во најавата на филмот.

Славниот сликар го глуми италијанскиот актер Рикардо Скамарчо, додека Пачино е во улогата на колекционерот на уметнички дела Морис Гањат.