ПОЛАРНА МЕЧКА НА САНТА МРАЗ ИЗБРАНА ЗА НАЈДОБРА ФОТОГРАФИЈА НА ДИВ СВЕТ

Лондон, (Би-Би-Си)

Неверојатна слика од млада поларна мечка како спие на санта мраз е прогласена за најдобра фотографија на див свет во традиционалниот избор на Природонаучниот музеј во Лондон. Фотографијата е дело на британскиот аматерски фотограф Нима Сарикани.

„Воодушевувачката и потресна слика на Сарикани ни овозможува да ги видиме убавината и кревкоста на нашата планета. Таа поттикнува на размислување и служи како визуелна претстава за штетните влијанија од затоплувањето на климата и губењето на живеалиштата“, изјави директорот на музејот Даглас Гур.

Сарикани ја снимил фотографијата по три дена потрага по поларни мечки низ густата магла на норвешкиот архипелаг Свалбард.

Во завршниот избор влегоа 25 фотографии, а ова се останатите четири финалисти: