БАЛЕТОТ „ДАМАТА СО КАМЕЛИИ“ НА 21 ФЕВРУАРИ ВО ОПЕРАТА

Скопје, (СМАРТ СДК.МК)

На 21 февруари од 20 часот, во Националната опера и балет ќе се изведе балетската претстава „Дамата со камелии“, работена по музиката на Џузепе Верди. Драматуршката подлошка е земена од неговата позната опера „Травијата“.

Диригент е Иван Еминовиќ, а кореографијата на Васили Медведев од Русија, кој работи со театрите „Бољшој“ во Москва и „Марински“ во Санкт Петербург. Сценографијата и костимографијата се на Павол Јураш од Словачка. Концерт-мајстор е Климент Тодороски.

Во главните улоги се Марија Кичевска-Шокаровска и Франсиско Хименес Руис од Шпанија (фото). Настапуваат солистите, балетскиот ансамбл и оркестарот на Операта.