ВО ПЈОНГЧАНГ ОТВОРЕНА НАЈТЕМНАТА ЗГРАДА НА СВЕТОТ

Пјонгчанг, (Гардијан)

Среде белото опкружување на Зимските олимписки игри во Пјонгчанг, кои и официјално почнуваат денеска, се издвојува најцрниот можен објект.

Станува збор за привремениот павилјон на корејската автокомпанија „Хјундаи“, дизајниран од британскиот архитект Асиф Кан, кој беше кренат специјално за Игрите.

Наречена „најтемна зграда на Земјата“, десет метри високата структура на Кан е испрскана со застрашувачкиот пигмент „вантаблек“, суперцрн материјал што апсорбира 99,965% од светлината која се одбива од неговата површина, создавајќи илузија на празнина.

Однадвор целосно црн, внатрешноста на објектот е голема бела соба (Фото: Гети)

Тој беше измислен од британски истражувачи во 2014 година и потоа стана заштитен знак на уметникот Аниш Капур.

Но, ѕидовите на павилјонот не се само суперцрни. Тие се прекриени со нешто што изгледа како ситни ѕвезди и се добива впечаток дека неговата површина се менува, како што набљудувачот му се доближува.

Но, не е сѐ така црно, па внатрешноста на павилјонот е голема бела соба.