БМВ создаде вантаблек верзија на своето купе „X6“, испрскан со најцрниот црн пигмент на светот, кој апсорбира 99% светлина.

Според германскиот автогигант, ова е прв и единствен автомобил на светот прекриен со материјалот вантаблек ВБх2 и тој ќе биде претставен на претстојниот автосаем во Франкфурт, што ќе се одржи од 12 до 22 септември.

Ексклузивните права на пигментот вантаблек ги поседува уметникот Аниш Капур, но ВБх2 е нешто поразличен материјал. Тој и натаму важи за суперцрн, но овозможува мала рефлексија од секој агол.

„Сфативме дека не би функционирало доколку го ставиме оригиналниот вантаблек материјал, бидејќи би се изгубило секакво чувство на тридимензионалност. ВБх2 со својот еден процент рефлексија доволно го нагласува обликот на возилото. Тоа одлично изгледа на Х6 поради неговите големина и карактеристичен облик“, изјави Бен Џенсен, изумителот на вантаблек.