ПЕТ ПИЈАЛАЦИ КОИ ГО НАМАЛУВААТ НИВОТО НА ХОЛЕСТЕРОЛ

САД, (Си-Ен-Ен)

Високото ниво на холестерол може негативно да влијае на здравјето на срцето. Според американските научници, има пијалаци кои можат да го намалат нивото на холестерол.

Сок од цвекло содржи нитрати за кои е докажано дека го подобруваат протокот на крв и ги намалуваат крвниот притисок и нивото на холестерол.

Чај од хибискус содржи соединенија кои позитивно влијаат на намалување на нивото на холестерол и триглицериди. Исто така, содржи својства кои штитат од оксидативни стрес и воспаление.

Свежо исцеден сок од портокал е преполн со витамин Ц, антиоксиданси и флавоноиди кои го поддржуваат здравјето на срцето и можат да помогнат во намалувањето на нивото на холестерол.

Бадемово млеко е вкусна алтернатива на млечните производи. Содржи мононезаситени масти здрави за срцето кои помагаат во намалување на нивото на холестерол.

Зелен чај е богат со антиоксиданси наречени катехини кои можат да помогнат да се намали нивото на холестерол и да се подобри здравјето на срцето. Редовното пиење зелен чај може да го зајакне метаболизмот и да помогне во контролата на физичката тежина.