„СЕВИЛСКИОТ БЕРБЕРИН“ ЌЕ ИГРА ВО МАРТ ВО ОПЕРАТА

Скопје, (СМАРТ СДК.МК)

На 2 март од 20 часот, во Националната опера и балет ќе се изведе популарната комична опера во два чина „Севилскиот берберин“ од Џоакино Росини.

Диригент е Иван Еминовиќ, режијата е на Урсула Хорнер од Австрија, сценограф е Марија Ветероска, костимограф Марија Пупучевска, а хор-мајстор е Ѓурѓица Дашиќ.

Во улогата на Фигаро ќе настапи Васко Здравков, Биљана Јосифов ја игра Розина, а грофот Алмавива е гостинот од Италија, Роберто Јачини Вергилиј. Настапуваат и Владимир Саздовски, Невен Силјановски, Соња Пендовска-Мадевска, Драган Ампов, Марко Димовски и Борко Биџовски. Чембало ќе свири Елена Сиљаноска во придружба на хорот и оркестарот на Операта.