ВЕЛЕШКИ ТЕАТАР И ТРИ НЕЗАВИСНИ ПРЕТСТАВИ ГОСТУВААТ ВО ДРАМСКИ ВО СКОПЈЕ

Скопје, (СМАРТ СДК.МК)

Од 6 до 9 март, во Драмски театар во Скопје ќе гостуваат четири ансамбли, од кои три се од независната сцена. Сите претстави почнуваат во 20 часот.

На 6 март гостува театарот „Јордан Хаџи Константинов-Џинот“ од Велес со „Нема струја за електричниот стол“ на режисерот Дејан Пројковски. Улогите ги играат Васил Зафирчев и Исидор Јовановски.

Следниот ден гостува „Штрих“ со претставата „Вилицата на Ибен Бајерс“. Улогите ги играат Марјан Наумов, Гоце Андонов, Благојчо Стојанов, Ава Хусеини, Томислав Давидовски, Катерина Јовановиќ, Ана Грамосли и Јанка Лефкова. Претставата е на авторот Филип Грујиќ, а режисер е Борис Василески.

Театарот „Златен Елец“ се претставува на 8 март со „Кенди“, според истоименото дело на Лук Дејвис. Адаптацијата и режијата се на Тамара Стојаноска, а улогите ги играат Лео Поповиќ и Бобан Алексоски.

На 9 март е претставата „Бура и продор“ на групата „Стурм унд дранг“. Теа Беговска е авторка и режисерка, а играат Илин Јовановски, Дениз Рустеми, Бојан Лазаров, Миа Кантарџиева-Петровска, Тодор Стојковски и Дин Ибрахим.

Фото: Велешки театар