НОВАТА МИС НА СВЕТОТ ДОАЃА ОД ЧЕШКА

Мумбај, (АП)

Кристина Пишкова од Чешка е избрана за новата Мис на светот на церемонија што се одржа во Индија. За првата придружничка беше прогласена Јасмина Зајтун од Либан.

Да се биде крунисана за Мис на светот е остварување на сон. Длабоко сум почестена што ги претставувам мојата земја и вредностите на ‘убавина со цел‘ на глобалната платформа“, изјави 23-годишната студентка по право.

Таа ја прими круната од досегашната мис, Каролине Бјелавска од Полска.

На натпреварувањето во Мумбај учествуваа 112 земји, од кои 40 влегоа во финалето.

(Фото: АП)