На 16 март од 20 часот, во Националната опера и балет ќе се изведе операта „Боеми“ од Џакомо Пучини. Ќе настапат домашните солисти Ѓорѓи Цуцковски, Благица Поп Томова, Марјан Јованоски, Драган Ампов, Александар Стефаноски, Биљана Јосифов, Невен Силјановски, Борко Биџовски, Јане Дунимаглоски, Тихомир Јакимовски и Диме Петров, во придружба на хорот и оркестарот на НОБ.
Диригент е Бисера Чадловска, режијата е на Дејан Прошев, сценографијата на Зоран Николовски, костимограф е Марија Пупучевска, концерт-мајстор е Верица Ламбевска, а хор-мајстори Јасмина Ѓорѓеска и Ѓурѓица Дашиќ.