Книгата „Иванов 1887/1889: две верзии од Чехов“ ќе биде промовирана на 2 април во фоајето на Македонскиот народен театар (МНТ) во 19 часот. Покрај главниот уредник Зоја Бузалковска, како промотори ќе зборуваат преведувачката на книгата Драгица Најческа, актерот Ѓорѓи Јолевски и писателот Гоце Смилевски. Книгата ја издаде МНТ.
По промоцијата ќе биде изведена претставата „Иванов“, во режија на Бузалковска.
Драмата „Иванов“ е првото поставено дело на Антон Павлович Чехов (1860-1904) во театар. Ја напишал за десет дена и ја доставил како драма во четири чина. Премиерно е изведена на 19 ноември 1887 во театарот на Фјодор Корш во Москва. Поради реакциите на публиката, Чехов направил и втора, изменета верзија на текстот, која била изведена во Санкт Петербург во 1889.
Фото: Сцена од претставата „Иванов“ од Чехов (К. Галевски)