ПРЕТЕРУВАЊЕТО СО КОФЕИН, СУВОМЕСНАТИ И МЛЕЧНИ ПРОИЗВОДИ МОЖЕ ДА ДОВЕДЕ ДО МИГРЕНА

САД, (Си-Ен-Ен)

Повеќе од 10 проценти од луѓето од светот, особено на возраст од 20 до 50 години, имаат мигрена.

„Постојано ме прашуваат дали постои диета која може да ги спречи симптомите на мигрена. Не постои. Но, одредена храна може да предизвика мигрена и да ги влоши симптомите“, вели Фред Коен, специјалист за главоболка и доцент по неврологија на Медицинскиот факултет „Ајкан“ во Јужна Дакота, САД.

Според клиничките испитувања, тоа се кофеин, алкохол, млечни производи, мононатриум глутамат (засилувач на вкус кој се наоѓа во преработена храна и грицки), нитрати и нитрити (ги има во преработеното месо, како што се колбаси, виршли и сувомеснати производи).

Мигрена можат да предизвикаат и одредени овошја, како портокал, лимон, лимета и грејпфрут. Оние кои се склони кон мигрена би требало да избегнуваат и вештачки засладувачи, намирници богати со тирамин (зреено месо и пушена риба), ореви, ферментирана храна како кисели краставици и кисела зелка, но и производи кои содржат глутен.

„Секогаш им кажувам на моите пациенти да внимаваат на исхраната. Ги советувам да водат дневник за главоболка за да си помогнат во идентификувањето на потенцијалните предизвикувачи“, вели Коен.

Фото: Фрипик