КОНЦЕРТ НА СРПСКИОТ ВИОЛИНИСТ СТАНКО МАДИЌ ВО ФИЛХАРМОНИЈАТА СО ОЛИВЕР БАЛАБУРСКИ КАКО ДИРИГЕНТ

Скопје, (СМАРТ СДК.МК)

В четврток (4 април) од 20 часот, во Филхармонијата ќе се одржи концертот насловен „Светлина“. Како солист ќе настапи виолинистот Станко Мадиќ од Србија. Мадиќ ќе го изведе Концертот за виолина и оркестар бр. 1 насловен „Далечна светлина“, кој во 1996 го напиша летонскиот композитор Петерис Васкс.

Диригент ќе биде маестро Оливер Балабурски

Диригент на концертот „Светлина“ ќе биде маестро Оливер Балабурски, кој долги години живее и работи во Канада, а со Македонската филхармонија ќе соработува по подолга пауза.

Ќе биде изведена и Симфонијата бр. 4 во Ф-мол, оп. 36 од Петар Илич Чајковски.