КОНЦЕРТ НА ФИЛХАРМОНИЈАТА СО ДЕЛА ОД МОЦАРТ, РОСИНИ И ВАГНЕР

Скопје, (СМАРТ СДК.МК)

Оркестарот на Филхармонијата денеска (8 октомври) од 20 часот ќе одржи концерт насловен „Музички код“. Ќе диригира Борјан Цанев. На програмата се увертири од познати оперски дела на Моцарт, Росини и Вагнер, како и „Кориолан“ од Бетовен, „Академска фестивалска увертира“ од Брамс и „Свечена увертира“ од Шостакович.

Борјан Цанев е еден од најистакнатите македонски диригенти, со богата меѓународна кариера. Дваесет години беше главен диригент на Филхармонијата, а денес е редовен професор на Факултетот за музичка уметност во Скопје.

Во 2015 ја предводеше Филхармонијата на нејзиното прво гостување во САД, со концерти во њујоршките сали „Карнеги хол“ и „Кауфман“. Добитник е на наградите „Виртуози“ и „Ѓорѓи Божиков“.