ИЛОН МАСК ОБЈАВИ ДЕКА „ТЕСЛА“ ЌЕ ПРЕТСТАВИ „РОБОТАКСИ“ ВО АВГУСТ

Сан Франциско, (Си-Ен-Ен)

Илон Маск објави дека „Тесла“ ќе претстави „роботакси“ на 8 август, што следува откако се појавија информации дека таа се откажала од плановите за производство на евтин електричен автомобил. Според „Ројтерс“, Маск ќе се посвети на создавање „роботакси“, засновано врз платформата за мал автомобил на „Тесла“.

Компанијата долго време ветуваше дека ќе прави подостапни електрични автомобили со почетна цена од околу 25.000 долари, при што Маск во јануари оптимистички најави дека моделот ќе се појави во втората половина на следната година. Моментално, најевтиниот автомобил на „Тесла“ е „модел 3“, чија почетна цена изнесува 39.000 долари.

Роботакси“ би можело да биде остварување на дамнешната желба на Маск за создавање самовозечки автомобил, но останува да се види како тој би функционирал без радари и сензори, туку само со камери.

(Фото: АФП)