КОНЦЕРТОТ НА ХРВАТСКАТА ГРУПА „МАГАЗИН“ ВО СКОПЈЕ ОДЛОЖЕН ЗА МАЈ

Скопје, (СМАРТ СДК.МК)

Концертот на хрватската поп-група „Магазин” кој требаше да се одржи в сабота (13 април) во скопскиот ноќен клуб „Пјур“ е одложен за втората половина од мај, велат од клубот. Сплитската група сега настапува со двајца членови од старата постава, Жељко Баричиќ и Ненад Весановиќ, а пејачка е Андреа Шушњара.

„Магазин“ беше една од најпопуларните поп-групи во поранешна Југославија. На концертот во Скопје ќе ги пее своите најголеми хитови, од кои повеќето ги напиша Тончи Хуљиќ.

Бившата пејачка на „Магазин“ со македонско потекло Љиљана Николовска долги години живее во САД. Пејачките кои дојдоа по неа сега имаат соло кариери: Данијела Мартиновиќ, Јелена Розга и Ивана Ковач, ќерката на Мишо Ковач.