Второто издание на единствениот македонски фестивал посветен на стрип културата Стрип трип ќе се одржи на 8 и 9 јуни во Младински културен центар во Скопје. Организаторите велат дека повеќе информации за гостите и настаните ќе има во следниот период, а засега е најавено одржувањето на првиот конкурс за најдобра стрип корица, чија тема ќе биде „самураи во твојот град“.
Ланското прво издание на фестивалот опфати дискусии, презентации на најнови домашни и регионални стрип изданија, изложби на македонски стрип цртачи, работилница за цртање стрип за деца и берза на стрипови.
(Фото: Фејсбук)