ТАЊА МАНЕВА СЕ ПРЕТСТАВУВА ВО ТИРАНА СО ИЗЛОЖБАТА „БОИТЕ НА ДУШАТА“

Скопје, (СМАРТ СДК.МК)

Сликарката Тања Манева синоќа (26 април) ја отвори изложбата „Боите на душата“ во Македонскиот културно-информативен центар во Тирана. Гостинки на нејзината изложба се Стела Рустемај од Тирана и Драгана Пајковиќ-Додиг од Белград.

Изложбата е во организација на македонскиот КИЦ во Тирана, од каде што велат дека Манева се претставува со шест нови дела преку кои може да се забележи возбудлива промена во нејзиниот стил.

Македонскиот КИЦ најавува дека на 3 мај во театарот „АрТурбина“ во Тирана ќе гостува Албанскиот театар од Скопје со претставата „Диво месо“ од Горан Стефановски, во режија на Мартин Кочовски.