РЕСТОРАН ВО ВЕРОНА ИМ ДАВА БЕСПЛАТНО ШИШЕ ВИНО НА ГОСТИТЕ КОИ ВЕЧЕРААТ БЕЗ МОБИЛЕН ТЕЛЕФОН

Италија, (Гардијан)

„Ал Кондоминио“ се разликува од другите ресторани во Верона. Овој ресторан ги поттикнува своите гости на дигитална детоксикација, па ако вечераат без мобилен телефон на масата, добиваат бесплатно шише вино.

Во денешно време луѓето не можат да изедат оброк во ресторан без да пишуваат или да следат новости на мобилните телефони, да ја сликаат храната или да прават селфи, а овој ресторан се обидува да стави крај на тоа.

На самиот влез во ресторанот има кутии каде што гостите можат да ги остават своите мобилни телефони пред да седнат на маса, за да можат подобро да се релаксираат и навистина да уживаат во вечерата. За тоа ќе бидат наградени со шише вино.