Папата Фрањо стана првиот папа кој го посетил Венециското биенале на уметноста, за време на патувањето на кое посети и женски затвор. Осумдесет и седумгодишниот папа отпатува во североисточниот италијански град со хеликоптер, а прво слета на островот Џудека во лагуната на Венеција, каде е сместен павилјонот на Ватикан.
Павилјонот насловен „Со моите очи“ е сместен во затвор и ја одразува грижата на папата за аутсајдерите во општеството, особено затворениците и вклучува дела од неколку женски уметници. Фрањо се поздрави со сите 80-ина затвореници во дворот на затворот, од кои неколкумина се вклучени во изложбата.
„Парадоксално, но престојот во затвор може да означи почеток на нешто ново. Да не заборавиме дека сите ние имаме грешки што треба да ни се простат и рани што треба да се лечат, дури и јас“, рекол папата.
(Фото: Гети)